Утре се распушта српскиот Парламент

Ивица Дачиќ – претседателот на Собранието на Србија најави дека утре ќе се распушти Парламентот и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори. Тој истакна дека Собранието од 3. август 2020 година до денеска донело 265 закони.

„За време на овој мандат, без разлика на приговорите и сомнежите, Собранието успеа да донесе неколку акти многу важни за иднината, а еден од нив е и промената на Уставот“, рече Дачиќ на крајот од последната седница.

Посебно го истакна успешниот меѓупартиски дијалог, кој резултира со учество на сите партии на изборите.