Над 70% од населението во Грција е вакцинирано против Ковид 19

Во соседна Грција над 7.440.000 граѓани се вакцинирани против Ковид 19, што претставува 70,8 проценти од општото население, односно 80 отсто од полнолетното население во земјата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција – Мариос Темистоклеус.

Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 дози од вакцината, а за бустер дозата објасни дека од 5.825.000 граѓани кои можат да ја примат, 88,5 отсто веќе ја примиле третата доза.

Претседателката на Комисијата за имунизација Мариа Теодориду, порача дека и понатаму е силна препораката за вакцинација и со трета доза, а во однос на варијантата Омикрон, повикувајќи се на неодамнешни студии, истакна дека по заразувањето, природниот имунитет е значително помал и заштитата од реинфекција е околу 60 отсто.

Во изминатите 24 часа во Грција беше регистиран 20.361 нов случај на Ковид-19, од направени 125.484 тестови, а починаа 78 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјата има вкупно 2.194.453 случаи на Ковид-19 и 24.836 починати лица.