Стефан Богоев е директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва имаше седница. Членовите на ЦО дискутирале за повеќе актуелни теми, со фокус на мерките кои ги презема Владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на платите и пензиите, одговорот на енергетската криза и мерките за заштита на здравјето на граѓаните.

Претседателот Ковачевски посочил дека Владата работи на дополнително зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски пакет за оваа година, како поддршка во енергетска и здравствена криза.

ЦО го именувал потпретседателот Стефан Богоев за директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

Централниот одбор донесе одлука со којашто започнува постапката за избор на претседатели и членови на секретаријати на 19 партиски комисии, стручни работни тела на СДСМ, кои имаат важна улога во креирањето и евалуацијата на мерки и политики на партијата.