Панчевски: Поскапување на струјата ќе има, прашање е колкаво ќе биде
„Би биле среќни ако поскапувањето на струјата биде меѓу 10 и 15%“
„Македонија долги години троши повеќе струја отколку што произведува, не е ова прва година. Произведуваме меѓу 60-70%, а остатокот се увезува. Енергетска криза дефинитивно има, дел од земјите веќе и ја прогласија. Јас би дал неколку фактори, поточно 4, кои ја создадоа кризата. Пандемијата имаше големо влијание. Можеби требаше порано да се подготвите, ги потценивме светските анализи, не очекувавме дека цела Европа ќе ја зафати ваква енергетска криза. Временските неприлики исто така се вториот момент. Хидрологијата, врнежите ги немаше“ вели Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност во последното издание на емисијата „Трилинг“.
Тој смета дека ќе има поскапување на електричната енергија во земјава.
„Поскапување ќе има – прашањето е колкаво ќе биде. Македонија и нашиот енергетски систем е мал и нема да направи дисбаланс. Компаниите веќе го плаќаат цехот. Во однос на граѓаните, зависи како ќе се постави политиката. Би биле среќни ако поскапувањето биде меѓу 10 и 15%“ смета Панчевски.