„Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето“ – напиша меѓудругото денеска на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Порачува дека отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.
„Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“ – напиша Ковачевски.
Претходно од Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците и да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.
Разговорите треба да продолжат откако утре на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега.