„Падот на Кривокапиќ е добра вест за Косово“

Илбер Хиса – екс-амбасадорот на Косово во Црна Гора рече дека падот на Владата на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ претставува „добра вест“ за Косово и за земјите од регионот кои имаат прозападна ориентација. Тој изјави дека сега се реални шансите лидерот на граѓанското движење УРА – Дритан Абазовиќ, да стане нов премиер на Црна Гора.

„Падот на оваа влада е добра вест за Косово, со оглед дека еден од нејзините принципи беше повлекувањето на признавањето на косовската независност и промена на политиката кон НАТО. Новата влада која ќе се формира ќе има опозиција, која знаеме дека се служи со протести на улица. Ќе помине не баш лесен период за Црна Гора, меѓутоа, падот на оваа влада секако е добра вест за соседите, осебно за оние со прозападна ориентација“ – изјави Хиса.

Според него, „падот на владата на Кривокапиќ е најлогичниот епилог на кризата во која се најде земјата“ со оглед дека „беше невозможно една таква влада, со толку внатрешни разлики, да опстане подолго на власт“.