Агелер со став откако Мерко е на црната листа: САД ќе продолжи да се бори против секоj кој го поткопува владеењето на правото

Американската амбасадорка Анџела Агелер се огласи по повод ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД, со што му се забранува влез во земјата.

Агелер потенцираше дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува владеењето на правото

„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија“, напиша меѓудругото Агелер на социјалните мрежи.