Се појави тифус во Хрватска

Дијагнозата на тифусна треска е потврдена кај еден пациент на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопштија од медицинската установа.

Според болницата, случајот со тифусна треска е потврден кај возрасен човек кој најверојатно се заразил во странство.

Од таму додаваат дека увозните случаи на оваа болест не се невообичаени, бидејќи болеста се уште е ендемична во некои делови од светот.

„Потенцираме дека претходните години имавме повремен увоз на тифусна треска, но немаше натамошно ширење на инфекцијата на контакти. Како и кај другите заразни болести, важно е брзо идентификување и лекување на болното лице, епидемиолошки и микробиолошки третман на контактите и спроведување на антиепидемиски мерки во соработка со надлежниот епидемиолог“ – соопштуваат од болницата.