Министерот Бочварски посака добредојде на првите патници од авиолинијата Белград – Охрид

Добредојде за првите патници на релација Белград – Охрид им посака денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„По промоција на летовите од Лондон и Манчестер денес стартува и авиолинијата од Белград.
Со ова даваме силен инпут на економскиот и туристичкиот развој на Охридскиот регион, воведувањето на новите авиолинии се резултат за нашите успешни политики.

Особено ме радува што ова авиолинија се враќа во време кога преку иницијативата Отворен Балкан добрососедските односи со Србија се на највисоко ниво, Северна Македонија останува силен фактор на стабилност и соработка во регионот“, напиша министерот Бочварски на социјалната мрежа ФБ.