Селекторот на Англија, Герет Саутгејт има пофалби за Македонија пред утрешниот меч, вели дека не смеат да не потценат и треба да вложат многу поголем напор отколку на дуелот против Малта.
Англија треба да сруши една непријатна традиција за да ја победи Македонија, досега двапати игравме кај нив и двапати се враќавме непоразени.
„Ја видовме Македонија со Украина како одигра еден час, навистина требаше и да ја победат Украина. Имаат неколку играчи кои се одлични индивидуалци со извонредни индивидуални квалитети, кои играат во големи европски клубови, ама пред сѐ Македонија е тим кој функционира добро. Македонија е селекција која има педигре од минатите квалификации, играа со Португалија во завршен меч за пласман на СП и нас не не чека меч како во петокот, туку меч кој е ниво погоре со многу поголем интензитет и квалитет и наше е да одиме на победа“, вели Саутгејт.
„Нас нѐ чека тежок меч и ние сакаме тука да одиграме добро, сакаме да ги израдуваме навивачите. Не доаѓаме многу често на северот, затоа ќе се потрудиме да им пружиме емоции и радост, знаеме каква е тука атмосферата. Целта е да играме добро, навивачите да бидат задоволни. Тие се извонредни, прават вистинска атмосфера и тоа е дополнителна возбуда и за фудбалерите. Секако, Македонија ќе сака добро да одигра затоа ќе мора да сме внимателни“ порача англискиот селектор.