Осумгодишно дете од Македонија загина во сообраќајка попладнево во Албанија

Oсумгодишно дете од Македонија загина, а пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа која се случи попладнево во Албанија.

„Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил „Голф” со гостиварски регистарски таблички, управуван од македонската државјанка Т.Б., кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х., жител на албанскиот град Каваја“, пишуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Жената-возач, според полициски извори, изгубила контрола врз автомобилот, удрила во другиот автомобил, по што возилото завршило на банкината.

Повредени се Т.Б., мајка на загинатото дете, нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и двајца сопатници од неговиот автомобил. Тие се пренесени во болницата во Елбасан и не се во животна опасност. До несреќата дошло поради влажниот коловоз и неприлагодената брзина.