ВМРО-ДПМНЕ: Османи со шпанскиот колега зборувал на албански, иако јасно е кој е службен јазик за меѓународна употреба

„Бујар Османи во својство на Министерството за надворешни работи на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик, иако е платен да ја преставува Република Македонија“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека на прес-конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.

„Ова е и кршење на Рамковниот договор и Уставот на државата. Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата? Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди? Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.