Фрлена димна бомба врз јапонскиот премиер Кишида

Јапонскиот премиер Фумио Кишида итно бил евакуиран, откако врз него била фрлена направа за која се верува дека е димна бомба, на настан во градот Вакајама, каде што требало да се обрати пред присутните, јавија јапонските медиуми, а пренесуваат Би-Би-Си.

Според последните информации, тој е неповреден.

Едно лице веднаш било уапсено, а се појавија видеа на кои се гледа како полицајците го држат осомничениот:

По инцидентот, премиерот Кишида веднаш бил однесен со автомобил, јавува агенцијата Кјодо.

Кишида денеска во попладневните часови треба да ја продолжи кампањата според претходно утврдениот план, соопшти неговата партија ЛДП.