Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја отфрли можноста формулацијата „македонски Бугари“ да биде впишана во македонскиот Устав.
Тој денеска рече дека Бугарите во Уставот можат да бидат внесени единствено како дел од бугарскиот народ, и никако поинаку.
-Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот – рече Османи.
Оваа формулација ја даде претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред неколку дена изјави дека лично се залагал за впишување на „македонските Бугари“ во Уставот.