Ерлинг Халанд возеше нов „ѕвер“ вреден 320.000 евра
Ерлинг Халанд зад себе има феноменална сезона во која собори неколку рекорди, а Норвежанецот покрај одличните игри на теренот, вниманието кон себе го привлекува и со својот по малку ексцентричен начин на живот.
Овој пат тој на тренингот на Манчестер Сити се појави со сосема нов автомобил Ролс Ројс Кулинан, кој без никакви додатоци чини околу 320.000 евра. Но, тоа е само еден од „ѕверовите“ во неговата импресивна колекција.
Haaland the type of guy to drive his own Rolls Royce 😂 https://t.co/D9zvE5A2uZ
— AK (@majestic_foden) April 12, 2023
Имено, како што пишува „The Sun“, Халанд со себе има многу силен Audi RS 6 Avant, како и Range Rover Sport, кои и двата чинат „безначајни“ 140.000 евра.
Интересно е тоа што додека беше во Дортмунд, Халанд возел малку „поскромно“ Mercedes AMG GLE Coupe, чија вредност се проценува на околу 100.000 евра.
Ова се, барем, автомобилите со кои Норвежанецот досега излезе во јавност.
Во англиската Премиер лига Халанд постигна 30 гола на 27 натпревари, а има и пет асистенции, додека во Лигата на шампионите стигна до нивото од 11 голови и една асистенција на седум натпревари.