Во Галеријата „Метаноја“ во Скопје изложени се уметнички дела на Владимир Георгиевски и Никола Пијанманов, инспирирани од христовите страдања.
„Целата изложба е посветена на динамиката меѓу учителот и учениците. Првото значење е за последната недела од животот на Исус. Ликот на Исус Христос во ова современо време каде треба да се зборува со јазикот на секојдневието, во дослух со уметникот. И Георгиевски во своето време, но и Пијанманов во своето време го научиле токму тој јазик. Динамиката од учителот е поврзано со она што е мост, а тоа е страдањето“ вели во Трилинг – Коста Милков, балкански Институт за вера и култура.
Тој вели дека „страдањето на Исус кулминира на самиот крст. Она што е многу битно, е дека страдањето е дел од секое учеништво. Секој вистински учител и ученик треба да се во страдалнички пакт, каде ќе нема тајни, а ранливоста ќе е отворена“.
„Една од најубавите приказни е како неговите ученици (Исус) кои биле исплашени, доаѓаат својот живот да го дефинираат со страдањето на Христос. Ученикот слуша и сака да добие од учителот, но учителот е подготвен да му служи на учителот“ вели Милков.