Џенифер Лопез ја игра главната улога во новиот филм „Мајката“ (The Mother)
Џенифер Лопез ја игра главната улога во новиот филм „Мајката“ (The Mother) . Таа глуми во улога на платен убиец кој треба да ја заштити својата ќерка, која била принудена да ја остави поради својата опасна работа.
– Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. Би умрела штитејќи ја неа!, изјави Лопез во трејлерот објавен на официјалниот Јутјуб-канал на Нетфликс.
Филмот излегува на 12 мај, а режисер на филмот е Ники Каро. Таа вели дека „Мајката“ е „ретка комбинација на акција и искрени емоции“.
– Мајките често се споредни, спроти други, „поинтересни“ ликови во филмовите. Овојпат мајката е во преден план. Да се има Џенифер Лопез во главната улога, на врвот на нејзината моќ, е подарок за мајките и гледачите насекаде, изјави Ники.
Во акционата драма глумат и Џозеф Фајнс, Луси Паез, Омари Хардвик, Пол Раси и Гаел Гарсија Бернал.