Мане е суспендиран во Баерн, го удрил соиграчот Сане во соблекувална

Баерн Минхен го суспендира Садио Мане!

По поразот од Манчестер Сити, сенегалскиот фудбалер го удри Лерој Сане во соблекувалната и клубот го казни поради тоа. Според информациите до кои дојде „Билд“, поранешниот играч на Ливерпул е суспендиран на неодредено време, што значи дека постои шанса да не одигра ниту еден натпревар до крајот на сезоната.

Веќе почнаа шпекулациите дека Баварците се незадоволни од настапите на Мане и дека се „подготвени да слушаат понуди на лето“.

Садио летово го напушти „Енфилд“, а за тоа англискиот клуб доби 32 милиони евра. На тимот на Јирген Клоп не му оди најдобро откако си замина, а ситуацијата во неговиот нов клуб очигледно не му се допаѓа ниту нему.

Доколку навистина дојде до разделба меѓу Баерн и Мане на крајот од сезоната, тешко би се вратил во Ливерпул, бидејќи англискиот тим е полн на напаѓачките позиции со Нуњез, Јота, Салах, Гакпа, Дијаз, Елиот.

Очигледно ситуацијата ја следат шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.