Зеленски: Ќе добиеме нова воена помош од земјите на НАТО

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе добие нова воена помош од неколку земји.

Во видео порака, Зеленски најави воена помош „од пријатели од Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија“.

„Конкретно, станува збор за муниција, тенкови и артилерија“, рече Зеленски.