Курти: Србија избегна потпишување на анекс за спроведување на договорот

„Ќе дадеме се од себе српското малцинство на Косово по ниту еден основ да не се почувствува дискриминирано“, изјави косовскиот премиер Албин Курти пред новинарите во Охрид по долгочасовните преговори со српскиот претседател Вучик, со посредство на ЕУ.

„Дојдовме во Охрид да го потпишеме основниот договор со анекс за имплементација. Постигнавме јавен договор за анексот што ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна, како и на последната средба во Брисел на 27 февруари, бега од потпишување. Сега со анекс. Останува на ЕУ да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки“ – рече Курти.

Тој рече и дека државите ќе се занимаваат и со прашањето за минатото и исчезнатите лица. Го коментираше и прашањето за членот 7, кој според посредникот Борел веднаш ќе почне да се применува. Овој член се однесува за „самоуправување на српската заедница“.

„Во овој аспект има параграф кој зборува за адекватно ниво на самоуправа на несрпската мнозинска заедница и секако дека ќе се водиме по највисоките стандарди Србите во Косово да немаат никакви повреди и дискриминација, не заборавајќи дека предлогот на Ахтисари создаде огромен простор и можност да ги уживаат нивните права и да ги задоволат нивните потреби“ – рече Курти.