Советникот за енергетика на премиерот Ковачевски, Виктор Андонов беше дел од најновото издание на Трилинг , каде истакна:
,,Подготвени сме. Една од клучните определби на Владата изминатиов период, е да се обезбеди зголемено производство на електрична енергија од домашни извори. И тоа како таква определба е дефинирана во нашите стратешки документи , пред се во стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година.” – вели Андонов.
Според Андонов, местоположбата на Македонија е таква да можеме да имаме зголемено користење на сончевата енергија во споредба со останатите земји во Европа.
,,Би кажал со мал дел на земји во Европа имаме слични соларни карактеристики. Тоа ни овозможува да имаме зголемено користење на сончевата енергија , впрочем ние сме земја на сонцето и очекувано е да има интререс од сериозни странски инвестиции. Ако во Европа во изминатите 10 години се направи вистински бум со фотонапонските централи, а зборуваме за земји кои имаат барем 20 до 30 % помали или послаби карактеристики на сончева радијација имаме одлични услови и токму поради тоа е интересот”. – потенцираше советникот за енергетика на премиерот.
,,Во минатото сведици бевме дека граганите се интересираа само за движењето на цените на берзите на нафтените деривати бидејки на две недели регулаторната комисија објавуваше редовни одлуки за донесување на цената на нафтените деривати, бидејки во тој период цените на берзите на останатите енергенси пред се и на електричната енергија беа ниски и не создаваа непотребни паники и опасност” – нагласи тој.