Бројот на жртвите од бурата Габриел во Нов Зеланд денеска се искачи на девет, а потрагата по исчезнатите во невремето се уште трае.
Циклон во неделата го погоди Нов Зеланд во регионот на Северниот Остров, а полицијата денеска соопшти дека едно лице загинало во невремето во заливот Хок, со што бројот на загинати се искачи на девет.
Речиси 5.000 луѓе се регистрирани во полицијата од петокот вечерта бидејќи не биле во контакт со пријателите или семејството од ударот на циклонот, соопштија властите.
Полицијата претпоставува дека многумина немаат пристап до комуникации бидејќи околу 62.000 згради останаа без струја.
Во тек е санирање на последиците од невремето и обилните врнежи од дожд кои доведоа до блокирани патишта, урнати мостови и поплавени домови.
Премиерот на Нов Зеланд Крис Хипкинс во петокот го нарече циклонот Габриел „најлошата природна катастрофа што ја погоди земјата овој век“ и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи е воспоставен контакт со заглавените жители.
Катастрофата доаѓа откако најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, минатиот месец беше погоден од рекордни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во кои загинаа четири лица.