Професорот Орце Симов од ФИНКИ на Сител го објасни нападот на податоците во ФЗОМ.
-Станува збор за напад во кој што информационите системи на жртвата се криптираат и сите компјутерски системи и фајлови се криптираат, односно изменета е формата на фајловите и тие не се во нивната првобитна состојба и не можат да се користат. – објасни Симов.
Според него Фондот не може да пристапи до податоците и потребно е да дојде до клучот за нивно повторно користење.
Во моментов клучот е кај напаѓачите.