Шолц: Сојузници, испратете тенкови во Украина!

Сојузниците кои можат да испорачаат борбени тенкови на Украина треба да го сторат тоа сега, изјави денес германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Германија ќе помогне со обезбедување логистика, надополнување на залихи и обука на украински војници.

„За мене ова е пример за тоа што лидерите можат да очекуваат од Германија“, рече Шолц на конференцијата за безбедност во Минхен, според транскриптот од неговиот говор, пренесе Ројтерс.

Германија и дава на Украина најголема поддршка во континентална Европа, рече тој на годишниот состанок во Минхен.