Иако има информации дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, сепак здравствените лица во САД повикуваат на внимателност.
„Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат. Но, тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш Ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест“ – Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа.
Според други експерти, Омикронот е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја.