Бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за грчки медиум ја критикува Македонија.
На Северна Македонија ѝ треба вистинска демократизација и надминување на тоталитарното минато, изјави бугарскиот претседател Румен Радев за весникот Катимерини.
Вели дека Бугарија секогаш ја поддржувала Република Северна Македонија во најтешките моменти за неа.
„За да ги почне преговорите РСМ се согласи да го смени Уставот и да ги вклучи Бугарите како еднакви со другите кои живеат во земјата. Повторувам, ова е обврска на чие исполнување Северна Македонија се обврза и без овој чекор не може да има реален почеток на преговорите“, вели Радев.
Според него, во последните месеци е забележано назадување во амбициите на Македонија за интеграција во ЕУ со оглед дека биле извршени „серија злосторства од омраза“ против локалните Бугари. Тој вели дека никој не треба да гради иднина врз основа на украдена историја. Дел од бугарските политичари сметаат дека Софија треба да го врати ветото за Македонија.