Обвинетите од случаите на поранешното специјално обвинителство нема да се спасат и покрај обидот на поранешниот претседател Иванов и на одбраната. Жалбите на странките се неосновани според европскиот суд за човекови права со Стразбур. Тие се неосновани како резултат на тоа што обвинетите и осудените сè уште не ги исцрпиле сите домашните правни лекови, што е предуслов овој суд да одлучи во однос на судските случаи на соодветните држави. Премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски ова го сметаат за успех на државата. Според Алијансата за Албанците ова претставува надеж за правда во Македонија.Велат Стразбур силно ги погодил оние кои се обиделе да се пазарат со правдата во интерес на криминалците.
ВМРО-ДПМНЕ пак поинаку ја толкуваат одлуката на Стразбург.
„Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека барањата изнесени од апликантите се предвремени и не навлегуваат во суштината на барањата. Во одлуката се наведува дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија. Владата наместо да слави дефокусирање, треба да се загрижи за оваа одлука бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Малку е чудно што на судот му требаа 5 и пол години да одлучи дека пријавата е прерана. Суштината на барањето беше дека на апликантите воопшто не мораше да им се суди и затоа не треба да се очекува одлука од судовите во земјата. Мислам дека Владата нема потреба да се радува или да покажува триумфалност, затоа што ова не е одбиена апликација бидејќи е неоснована, туку затоа што е преуранета. Се надевам дека судовите во земјава ќе ги земат предвид аргументите кои беа употребени во пријавите и соодветно ќе ги спроведат во пресудите што следат“, изјави Влатко Илиевски, адвокат.