Сведоци сме на секојдневно застарување на кривичните дела поради постојано укинување на првостепените одлуки заради суштествени повреди, судење во отсуство, но и многу други причини. Најсвежо е апсолутното застарување во предметот со Даравелски, кој се терети дека го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра.
Јасно е дека намерно и свесно, естаблишментот на СДС, ДПМНЕ и ДУИ заеднички и сложно се амнестираат изминатите три децении, а институтот застареност е само легална алатка за колективна амнестија на нивните криминали.
Левица преку своите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предложи измени на Кривичниот законик, со цел зголемување на рокот за застареност на кривичното гонење, на извршување на казната, но и во поглед на прекинот на застарувањето на извршувањето на казната. Овие измени на Кривичниот законик се однесуваат на кривични дела против јавните финансии, државата, службена должност, а кои дела најчесто се извршуваат од страна на корумпираните политичари кои владеат со Македонија.
Кривични предмети кои застаруваат, криминални политичари на слобода чие богатство останува нечепнато, ја намалува и така ниската доверба во судскиот систем. Затоа, овој предлог на Левица, како единствена анти-естаблишментска партија, е со цел да се спречи селективната правда и да се овозможи почитување на уставните темелни вредности, како владеење на правото и правната сигурност.