Повеќе од 41.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. И покрај фактот што спасувачите од целиот свет ги напуштаат погодените области, потрагата по преживеани продолжува.
Според последните информации, повеќе од 41.000 луѓе ги загубиле животите, а повеќе од 100.000 се повредени во разорниот земјотрес.
Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца.
Спасувачите се уште трагаат по преживеани. Жена и две деца вчера беа спасени од урнатините на стан во централниот дел на Антакија во провинцијата Хатај, дури 228 часа по разорниот земјотрес.
Зградите се уриваат, а остатоците се расчистуваат во десет турски провинции заедно со спасувачките напори.
Турскиот министер за животна средина и урбанизација Мурат Курум изјави дека досега е утврдено дека треба итно да се урнат 50.576 објекти.
Светската здравствена организација соопштува дека ситуацијата е особено тешка во северозападна Сирија, каде здравствениот систем е на удар поради граѓанската војна.
Официјални лица на Светската здравствена организација побараа од претседателот на Сирија, Башар ал Асад, да дозволи отворање на повеќе гранични премини со Турција и на тој начин да овозможи испорака на помош во областа на северот на Сирија, која беше тешко погодена од земјотрес.