Серија земјотреси во Романија, земјата се тресеше цела ноќ

Тлото не мирува во Романија, која исто така беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во вторник, 14 февруари.

Во текот на ноќта, меѓу вторник и среда, биле забележани дури 13 земјотреси.

За среќа, сите беа со помал интензитет.

Најсилниот земјотрес бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала и е регистриран во 02:30 часот по романско време на длабочина од 3,9 километри.

Земјотресот се случил на 104 километри северозападно од Крајова, 212 километри источно од Белград.

Вчерашниот силен земјотрес од Романија беше почувствуван низ цела Србија, па дури и во Македонија.