
Земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола
Регистриран земјотрес 165 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 18 часот и 47 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3,4 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.