Премиерот на Бугарија – Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Северна Македонија, па и посака и успех на новата влада во Скопје.
„Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија“ – напиша Петков на ФБ.
Премиерот на Бугарија истакна дека ставот на земјата за европската перспектива на нејзиниот близок сосед С. Македонија е конзистентен и јасен – добрососедството може да донесе сериозни придобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Кирил Петков и владина делегација од нашиот источен сосед утре ќе го посетат Скопје.