Ердоган: Има недостатоци, не е можно да се биде подготвен за ваква катастрофа

Турскиот претседател дека има недостатоци во Владата околу справувањето со земјотресот.

 Ердоган ја посети тешко погодената провинција Хатај за да се сретне со преживеаните. Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во областа, а земјотресот уништи цели населби.

Тамошните жители со жалби , велејќи дека спасувачите бавно пристигнуваат со храна, шатори и опрема за да бараат преживеани.

„Се разбира, има недостатоци. Не е можно да се биде подготвен за ваква катастрофа“, рече Ердоган и возврати кон критичарите дека „нечесните луѓе“ шират „лаги и клевети“ за постапките на владата.