(Видео) Бебиња пронајдени живи три дена по земјотресот, таткото ги штител со телото

Емотивни снимки од спасувања од Турција и Сирија продолжуваат да се појавуваат Се помалку има надеж за затрупаните во урнатините, па секое успешно спасување се слави како чудо.

Спасувачки тим од Унгарија извлече 18-месечно бебе од урнатините во Антакија, Турција, откако беше закопано три дена. Хелен била пронајдена жива три часа откако спасувачите го извлекле 10-годишниот Мехмет од урнатините.

Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање на преживеани. Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74% на 22% на третиот ден. Петтиот ден стапката е само 6%, пишува Sky News.

Вкупно повеќе од 17.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.