
Трет ден по разорните земјотреси во Турција и Сирија, шансите за спасување луѓе од урнатините се се помали и помали.
Според последните податоци, бројот на жртвите надмина 10.000 луѓе во двете земји, пишува Би-Би-Си.
Во Сирија катастрофата се продлабочува поради долгата граѓанска војна – многу згради веќе се оштетени и урнати од земјотресот, а пристапот до спасувачките операции и хуманитарната помош е тежок во многу области. Многу бегалци од Сирија живеат и во јужна Турција , често во набрзина изградени или урнати згради.