(Видео) Момче од Сирија се снимало под урнатините: Не знам дали ќе преживеам или ќе умрам

Спасувачките тимови го вложуваат последниот атом од своите сили во потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија. Бројот на загинати во оваа катастрофа рапидно расте, а според последните проценки се искачи на повеќе од 9.500.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10 региони, кои беа најпогодени од земјотресите.

На социјалните мрежи се појави снимка од сириско момче кое заврши под урнатините по разорниот земјотрес, а зборовите кои тој ги кажа ги насолзи очите.

„Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, тоа значи дека преживеав“, вели момчето на видеото.

„Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале ова. Само оние кои биле под урнатините можат да го разберат ова“, вели момчето на видеото, додавајќи дека во зградата имало уште три или четири семејства во која тој живееле пред земјотресот.

Сириските власти се уште не соопштуваат дали успеале да го спасат момчето или не.

На интернет кружат многу сцени од успешни спасувања, а објавено е и видео од момчето (2) по име Мухамет, кое 44 часа било под урнатините.

Објавена е и снимка од Сириец кој загуби 12 членови на семејството во страшен земјотрес, а никој не остана рамнодушен на неговите солзи, како и на сите други шокантни сцени по катастрофата.