Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката на оваа земја – Ана Брнабиќ денеска испратија осуда за одлуката на федералниот суд во Австраија поради укинување на визата за првиот тенисер во светот – Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи ја истата за „бесмислена и скандалозна“.
Судот утринава ја потврди владината одлука да ја укине визата за Новак Ѓоковиќ, со што ја згасна надежта на српска тениска ѕвезда да го освои Австралија опен по 10-ти пат, што ќе беше рекордна 21=ва машка грен слем титула.
Вучиќ одлуката ја оцени за „бесмислена“ и кажа дека австралиските власти се „понижени“.
„Тие мислат дека со таквата одлука го понижиле Новак Ѓоковиќ. Со неа се понижија сами себе. „Ѓоковиќ може да се врати во својата земја со крената глава и на сите да им погледне во очи“ – изјави Вучиќ.
Премиерката Брнабиќ рече дека одлуката на австралискиот Федерален суд е скандалозна.
„Мислам дека тоа е скандалозна одлука, разочарана сум, мислам дека покажаа како функционира владеењето на правото во некои други земји или како владеењето на правото не функционира. За мене е неверојатно што имаме два сосема спротивни судски одлуки за само неколку дена и 11 дена физичко и психичко малтретирање“ – изјави Брнабиќ.