Апасиев: СДСМ има тенденција на „џандаризација“ на новата Влада, само Тупанчевски е светла точка

Димитар Апасиев – пратеникот на Левица денеска во собранието рече дека „СДСМ има тенденција на „џандаризација“ на новата Влада.

Тој го критикуваше ресорот МВР поради скандалите со фалсификуваните пасоши

„И по сето тоа, Оливер Спасовски останува и си ја носи десната рака Славјанка и колешката Грковска кои доаѓаат од МВР, а да не зборуваме за Бисера Костадиновска и нејзиното владино покривање за биотероризам“ рече Апасиев.

Професорот Никола Тупанчевски, кој е кандидат за министер за правда, според Апасиев, е единствена светла точка во новата Влада.

„Има најчиста биографија, дипломирал на Ломоносов универзитет, што можеби ќе ви направи проблем, да ве третираат како руски шпион овие еуфундаменталисти на Маричиќ. Мачно ќе ви биде во Владата, ќе дојде брзо денот кога ќе ви пукне филмот и ќе си заминете“ – рече Апасиев.