
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко призна дека е изненаден од популарноста на рускиот лидер Владимир Путин меѓу неговите странски колеги.
Вака Порошенко ја коментираше првата средба со Путин при неговата посета на Нормандија во 2014 година во британскиот документарец на Би-Би-Си „Путин против Западот“.
– Бев зачуден што редот на лидери кои чекаа да се збогуваат со американскиот претседател Барак Обама беше значително помал од линијата на оние кои сакаа да се ракуваат со Путин – опиша поранешниот украински претседател.
Во исто време, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд во документарецот истакна дека сакал да го искористи празничниот настан за да ги ублажи односите со Путин.
– Путин донесе шише вотка како гест на добра волја. Мислев дека тоа е за пофалба, иако не пијам вотка. Тоа беше показател за неговата желба да се претстави во ново светло – истакна Оланд.
Претходно, лондонски „Телеграф“ објави дека францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека „парадоксот“ на Владимир Путин е што тој не е „непријатна“ личност.