
Унгарија ја поддржува номинацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за неговите посреднички напори во преговорите за Украина, истакна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Во објава на социјалните мрежи тој истакна дека до денес само Турција била успешна во посредувањето, потсетувајќи дека договорот за извоз на жито е постигнат токму благодарение на напорите на Ердоган и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Денес имаше иницијатива, чија суштина е претседателот Ердоган да ја добие Нобеловата награда за мир, бидејќи единственото успешно искуство поврзано со посредувањето во Украина е поврзано со неговото име“, напиша Сијарто.