Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во полуфиналето го совлада Американецот Томи Пол со 7:5, 6:1, 6:2.
Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата игра во финалето на Австралија опен. Српскиот тенисер во кариерата девет пати го освојуваше Австралија опен.
Во првото полуфинале Гркот Стефанос Циципас го совлада Русинот Карен Качанов со 3:1 (7:6, 6:4, 6:7, 6:3).
Отвореното првенство на Австралија се игра за награден фонд од 48,5 милиони евра.