Се подготвува нова Национална стратегија за дроги

Министерството за здравство започна активности за усогласување на законите за дроги со европското законодавство и подготовка на нова Национална стратегија за дроги, во рамките на Реформската агенда за периодот 2024–2027 година, информира министерот за здравство Сашо Клековски.

Формирана е работна група која ќе работи на усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со прописите на Европската Унија. Во тек е и склучување работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги (ЕУДА).

Европската комисија го одобрила барањето за експертска помош преку програмата ТАИЕКС. Експертите ќе учествуваат во подготовката на Националната стратегија, која треба да биде усогласена со европските насоки.

LANDOV Петров тврди дека Филипче комуницирал со штабот на ВМРО-ДПМНЕ на денот на изборите
Реформите предвидуваат и зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, како и воспоставување систем за рано откривање и известување за нови психоактивни супстанции.

Вториот чекор е планиран за следната година и опфаќа усогласување на листата на психоактивни супстанции со европските стандарди и воведување законска дефиниција за „нова психоактивна супстанција“.