Дел од вработените во МКЦ: Обвинувањата на Арсовска се неосновани

Програмските уредници на Младинскиот култуирен центар, денеска излегоа на прес конференција, по обвинувањата што кон нив и кон инстутуцијата за наводни нерегуларности, ги упати градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Тие бараат да престане мобингот и заканите кон вработените, и доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Поставувањето на директорот кој е професионален детектив, според нив е политизација и партизација на институцијата и бараат да се отвори фер и регуларен конкурс за избор на квалификуван директор на МКЦ.

„За жал, сепак мораше да дојде и ваков ден, каде што наместо прес-конференција на која ќе ја израдуваме јавноста со тоа: што ново сме успеале да креираме, што програмски сме успеале да обезбедиме и што ќе претставиме пред културната публика на современо Скопје, ќе мора да одговараме на прозивки, обвинувања и партиски инсинуации за евентулани нерегуларности, злоупотреби, толкување на вистини и закони во нашето МКЦ, но и културата во државата воопшто. На самиот почеток, сакаме да ѝ се заблагодариме на градоначалничката Данела Арсовска, која на својата прес-конференција вчера, меѓу другото сепак успеа неколку пати и да ја пофали работатата на градската институција МКЦ. Очигледно таа ги препознала заложбите што десеткуваниот тим на МКЦ го прави за развој на културата во овој град, а посебно во делот на начинот како МКЦ успева да се справи и да менаџира една европска културна институција, со буџети и услови за работа на локален месен културен простор некаде во Европа, во град кој има сериозни аспирации да се постави на европската културна мапа“, соопштија на прес-конференцијата од МКЦ.