„Од криза во криза, мора да жонглира новиот премиер со многу интереси, а неговите капацитети се релативно непознати. Тој е близок човек на Зоран Заев, според тоа како го оформи кабинетот, Ковачевски мораше да направи некакви промени, меѓутоа ќе видиме дали има способност ова да го реши. Заев му остави жежок костен, партиските структури дејствуваат на ист начин. Не можам да имам доверба, партиите сами по себе се дискредитирани“ – вели политичкиот аналитичар Иво Босилков во најновото издание на Трилинг.