Д-р Фадил Цана: Кај нас секогаш има мерки кои не ги следат мерките од западните држави

„Молскавично се шири новиот сој, со оглед што нашиот здравствен систем го прифати ова како природен тек, очекувано е бројките да растат. Ова е бран, но позитивноста е што има блага клиничка слика, без потешки последици. Според сознанијата, се очекува пандемијата да помине да помине во ендемија. И ќе останат само ендемски зони, проекциите каков би бил текот никој не може да ги предвиди, но коронавирусот цело време еволуира. Комисијата никогаш не донела одлуки, само го советуваат министерот. Секогаш во нашата држава имаше мерки кои не соодветствуваат со мерките во западните држави. Дали да се скрати времето на изолација – новиот сој покажува блага клиничка слика, безпотребно е да се дава 20 дена изолација“ – вели доктор Фадил Цана од Клиниката за инфективни болести во најновото издание на Трилинг.