Од 2017 година, до сега се отворени 75 градинки низ цела држава, со опфат од околу 5 илјади деца, соопштија од СДСМ
Во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.
Со тоа,само за една година, капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава, истовремено, за оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата
Освен во објекти, Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал.
Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија покачување на платите за 21 отсто, а со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто.
Тоа значи дека за само пет години, платите во детската заштита се зголемени за 36 отсто.
СДСМ како одговорна, државотворна партија и во време на светска економска и енергетска криза продолжи со вистинска грижа за сите граѓани.