НБРМ: Фирмите и граѓаните се зависни од банкарски кредити
Раст од 4,9 насто оствариле вкупните депозити во банките лани,додека кредитите 9,4 проценти, со тоа што во декември 2022 бележат зголемување од 1,4 %.Според НБРСМ движењата на кредитирањето се должи на зголемената побарувачка и од граѓаните и од корпоративниот сектор.
Постои и зголемување на паричната маса. На годишно ниво за 5,3 насто, што е резултат на повисоките краткорочни депозити и на депозитните пари.
Во декември растот е 2,8 проценти, и како што објаснуваат од НБРМ, поради зголемениот обем на депозитите, на готовитната во оптек,но и заради краткорочните депозити.
Кај корпоративниот сектор, декемвриските депозити пораснале за 3,3 проценти.Споредено со истиот месец 2021 година зголемувањето е за 3,7 насто, што е резултат на поголемите девизни и денарски краткорочни депозити, а паралелно со тоа има пад кај долгорочните депозити.
Според НБРМ, во декември депозитите на домаќинствата се зголемиле за 2,7 насто, најмогу заради депозитите, каде доминираат долгорочните и денарски и девизни влогови. Во текот на тој месец има пад кај краткорочните девизни депозити.
На годишно ниво, граѓанските влогови се повисоки за 5,8 проценти.
Граѓаните пројавиле зголемен интерес и за кредити. Конкретно, годишниот раст е 7,3 проценти, при што повеќе се барале банкарски позајмици во странска валута. А, само во декември, кредитите кои биле само во девизи, пораснале за минимални 0,3 насто.
Податоците на Централната банка покажуваат дека најголемата побарувачка, а со тоа и најмногу одобрени кредити се потрошувачките со 0,7 и станбените кредити со месечен раст од 1,2 проценти, додека на годишно ниво зголемувањата се 6,3, односно 12,7 насто. За автомобилските кредити помалк бил интересот во декември, 0,2 отсто, а годишно ниво растот е 9,1 насто.
Задолжувањето кај банките преку кредитни картички во текот на годината се зголемило за 0,7, а во декември опаднал за 0,9 проценти.