Пендаровски: Го осудувам нападот врз секретарот на бугарската заедница во Охрид

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави дека го осудува нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков.

– Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, напиша Пендаровски.