Европските земји се подготвени да испратат тенкови во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, додавајќи дека се надева дека таа одлука ќе биде донесена наскоро.
„Мислам дека на Украина и треба офанзивното оружје и тешките тенкови што ги бараше. Некои од европските земји се подготвени да ги испратат“, изјави Борел на новинарите во Мадрид, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека се надева оти наскоро ќе се донесе одлука.