За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, од нив само лани 5.000, а причините за миграцијата според експертите се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството.
„Над 140.000 луѓе ја напуштија Црна Гора. Тоа е како два Никшиќи, или како Плевља, Херцег Нови, Жабљак и Савник“, рече Срѓан Периќ од движењето „Преокрет“.
Само минатата година 5.000 луѓе барале подобро место за живеење.
Иако порано најчесто се правеше на стомак за леб, новите околности доведоа до нови причини.